ROCLAND – бетонски подови

Вашиот проблем е под?

Подовите во многу претпријатија претставуваат слаба, контрапродуктивна точка. Пред современите индустриски подови секојдневно се поставуваат се поголеми услови. Високо механичкото оптеретување, сигурноста во работата и долхиот век на траење, само се некој од најважните критериуми кои мора да бидат задоволени. Со помош на современите системски решенија на индустриски подовиго осигурувате вашето работење во претпријатието без потешкотии.

Наше решение: докажани производи прецизно изработени и оптимално приспособени на вашите потреби.

Рокланд. Лидер во производството на индустриски подови на база на бетон и полимер модифициран бетон, нуди широк асортиман на монолитни индустриски подови. Согласно со вашите потреби ќе ви понудуме индивидуални решенија од Рокланд палетата на производи. Оптималната комбинација на специјалниот бетон и завршно-заштитниот слој на монолитен Рокланд поден систем, во согласност со прецизната технолошка изработка, гарантира точно усогласување за индивидуалните потреби и условите за користење. Нашата најсовремена ласерска техника (laser scread) во изработка на бетон овозмошува дневен учинок од cca 1500м2, додека истовремено со помош на topping speader опрема се нанесува и точно се дозира завршно-заштитен слој од тврд матријал без оптеретување на површината за одење или транспорт.

Предности:

голем дневен учинок, побрзо користење на површината
скапото обложување се редуцира на минимум
зголемување на продуктивноста со поголема прецизност
трајни подови, настануваат со автомацко згуснување при вградувањето
минимум челични влакна на површината

Вашите индивидуални барања го одредуваат изборот на подните системи.

Нашите подни системи содржат цврста и трајна површина одпорна на абење, составени од високо вредни минерални гранули, електро курунда, односно силициум-карбит или се состои од мешавина на тие матријали зависно од башите барања за користење. Сите Рокланд системи на индустриски подови се изведуваат со помош на слој цврста материја, што во суштина ја создава подната површина. Производството се врши според светскиот стандард N ISO 9002 со континуирана контрола на квалитетот од страна на овластените институти.

Rocland системите се произведуваат во групите A,M,KS (согласно со DIN 1100)

група цврста материја А - ROCLAND QUALIDUR
група цврста материја KS - ROCLAND QUALITOP NT
група цврста материја М - ROCLAND QUALITOP M

Оптеретување ДА, монотонија НЕ

Воопшто нема разлика дали се работи за тешко, средно или лесно оптеретување, додатните високовредни пигменти, Rocland индустриските подови во тамни на големата палета на бои можат да се прилагодат според индивидуалните естетски барања.

Сигурност на производот: испитување, развој и сигурност на квалитетот.

Во нашата централна лабараторија за испитување, константно работиме на понатамошен развој и осигурување на квалитетот на подните системи.

Бескомпромисно осигурување на квалитетот:

нашите подготвени производи од сопствено производство, подлежат на констатен надзор
Надзор на рецептурата со помош на мобилните лабаратории ( кај индивидуални решенија)
Осигурување на квалитетот од страна на стручни инжењери
Нанесување исклучиво со сопствен стручно обучен персонал
Димензионирање на подните системи со помош на статички компјутери Рокланд има искуство повеќе од 25 години во изработка на бетонските подови

Нашиот know - how:

Докажан систем на бетонски подови со челични влакна (микроарматура)
Подолога за магнезитни подови или систем на подови од синтетичка смола
Систем на подови со и без дилатација
Систем на подови со контролирано ниво во согласност со DIN 18202
Систем на подови во боја