RINOL DECOSTONE

Надворешните подови и облоги секогаш биле предмет на проблем на отпорност и изведување, особено во ладните предели со големи температурни разлики, како и приморските области. Сите решенија кои се до денес прифатени имаат по некој недостаток кој на прв поглед не може да се открие, и за нив како такви не може да се гарантира вистинско решение. Нашата компанија, со континуирано истражување на нови материјали и технологии, му претстави на пазарот различни производи и техники на примена и имплементација на декоративни подлоги и облоги кои во САД се користат повеќе од 20 години.
RINOL DECOSTONE (штампан бетон), користи бетон како основен материјал за изведување на декоративни подни облоги кај изработка на монолитни, архитектонски уредени, добро изработени плочници, во разни бои и дезени. Декоративниот т.н. “штампан бетон” RINOL DECOSTONE ги поседува следните карактеристики: долг животен век со минимално одржување, целосно отпорна површина од атмосферски влијанија, отпорна површина на ултра-виолетови и инфра-црвени зраци, маснотии, отпорен на негативното дејство од влага и вода, голем избор на бои и дезени, архитектонски применлив кај сите видови објекти, како и можност за изработка на противклизна облога по сопствено барање. Може да се примени во различни области, како што се: реконструкција на историски центри, улици, плоштади, тротоари, булевари, паркинзи, рампи, простори околу базени, трговски центри, деловни објекти, локали, ресторани и друго.

ГАЛЕРИЈА