БЕТОНСКИ ПОДЛОГИ – основа на подниот систем

Подните системи бараат адекватно проектирање и изведување на подлога која е во состојба успешно, како од аспект на ноцивоста така и од аспект на функционалност да ги прими и поднесе сите предвидени оптеретувања во текот на нејзиниот експлотационен период. Изработката на новите бетонски подлоги кај нашите системи подразбираат употреба на најсовремената опрема и употреба на технологија која осигурува врвни резултати.

ИЗГРАДБА НА БЕТОНСКИ ПОДНИ ПЛОЧИ

Нашето најсовремено ласерско вградување на бетон односно изработка на бетонски плочки овозможува дневен учинок од cca: 1500m2. Со помош на LASER SCREAD опремата, бетонот истовремено е се рамни и вибрира (набива), како би се избегнале шуплините. Истовремено, пет пати во една секунда, со помош на ласерски уреди се врши контрола на рамноста.

ПРЕДНОСТИ ПРИ ИЗГРАДБА НА БЕТОНСКИ ПЛОЧИ СО УПОТРЕБА НА LASER SCREAD ТЕХНОЛОГИЈАТА

зголемена прецизност при изведување ласерска контрола при нивелирање и рамност на површината на подните облоги голем дневен учинок, побрзо искористување на површината голема рамност(проверка на висината пет пати во секунда) истовремено рамнење и вибрирање на бетонот

ЧЕЛИЧНИ ВЛАКНА (МИКРОАРМАТУРА)

Со внесување на челични влакна во свеж бетон и нивното хомогено распоредување низ масата, вградениот бетон добива значително по поволни физичко механички карактеристики за зацврстување на бетонските плочи. Зголемената носивост при статички и динамички оптеретувања ја елиминира појавата на пукнатини во бетонот при вообичаени термички оптеретувања, како и намалена појава на ронење се одлики на нашиот бетонски под со челични влакна.

Предност на користење на високовредни челични влакна:

поквалитетно вградување на бетонот цврстина при удари, работната способност на бетонот се зголемува ефективна контрола на пукнатини отпорност од ронење на дилатација подолг век на траењеподолг век на траење

БЕТОНСКИ ПОДЛОГИ – ОСНОВА НА ПОДНИОТ СИСТЕМ

Техничките решенија при поединечни случаеви бараат внесување на полипропиленски влакна во свежата бетонска маса. При микроармирањето на бетонот со полипропиленски влакна се намалува појавата на мали пукнатини во бетонот, се намалува собирањето на бетонот и се подобрува неговата отпорност при удар. Од хемиска гледна точка, со полипропиленски влакна ја подобруваме отпорноста на хемикалии и јаки бази како и на солени раствори. Нашите решенија подразбираат употреба на самите полипропиленски влакна или употреба на полипропиленски влакна во комбинација со арматура, во зависност од индивидуалните побарувања на самиот објект.

ПОСТОЕЧКИ (СТАРИ) БЕТОНСКИ ПОДЛОГИ

Проблематиката за санација или складно припремање на постоечките подлоги за нанесување на завршни подни облоги, е многу комплекснаи доколку не специјализирано и се пристапи, може да дојде до груби грешки кои подоцна може да предизвикаат големи трошоци за санирање и отргнување на истите. Претпријатието не само што поседува знаење и искуство (Know-how), туку е и подготвено преку комплетна услуга успешно да ги задоволи желбите и потребите дури и на најприбирливите инвеститори. Нашите технички решенија одговараат и на највисоките стандарди за квалитет за што е резултат изградбата на потполно монолитни подови на многу илјадници квадратни метри во едно парче

ИЗГРАДБА НА СЛОЕВИ ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ

ИЗГРАДБА НА СЛОЕВИ ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ Нашите решенија за слоеви за израмнување кај индустриските објекти подразбираат компатибилностна сите слоеви кои го чинат подниот систем. Без разлика дали слојот за израмнување го изведуваме како полимер модификуван цементен скрет, магнезит или како вештачка смола или некој друг систем, машинското вградување, ласерската контрола и прецизната технологија гарантираат квалитетна подлога потребна за изработка на одреден поден систем.

ПОДГОТОВКА НА БЕТОНСКИ ПОДЛОГИ

Подготвителните работи овозможуваат максимален учинок при лепливост на подните системи со подлогата. Начинот на подготовка на подлогата подразбира третман со челични топчиња (сачмарење) кои истовремено го симнуваат цементното млеко и слабите површински делови од здравата подлога со истовремено вовлекување на отпадот и прашината. Врвната опрема за сачмарење овозможува дневен учинок и до 1000м2 без прашина и остатоци, што е предуслов за квалитетно и брзо поставување на завршните подни облоги.