RINOL – СВЕТОТ НА ЕДНО МЕСТО Компанијата “РИНОЛ”е специјализирана, професинално приспособена и технолошки опремена за изработка на индустирки подови. Во широката палета на производи застапени се 35 основни видови индустриски подови вклучувајќи и подови на база на бетон, магнезиум, синтетичка смола, како и акрил. Благодарејќи на големата поддршка од страна на реномирани странски партнери како што се ROCLAND (Франција), ASHFORD FORMILA (САД), HTC (Шветска) во оптек се искличиво најсовремени материјали со кои работат високо специјализирани стручни лица. “РИНОЛ” до сега има изработено над стотина илјади квадратни метри индустриски подови за различни намени. Претпријатието не само што поседува знаење и искуство (Know-how), туку е и подготвено преку комплетна услуга успешно да ги задоволи желбите и потребите дури и на најприбирливите инвеститори. Големиот број на реномирани инвеститори кои му укажале доверба на “РИНОЛ”како и количината на изработените индустриски подови само го потврдуваат приматот на водечка компанијата РИНОЛ не само во Србија туку и во регионот.

Современите трендови на градење на индустриски објекти подразбираат изработка на индустриски подови согласно со најсовремените технологии кои обезбедуваат висок квалитет, исполнување на сите барања кои се поставуваат пред инвеститорите во текот на процесот на експлоатација на објектите, како и големите дневни производства. Претпријатието Ринол ги прати современите светски текови во подополагачки активности и долги години на пазарот на Србија може да понуди најадекватни решенија за бетонски, епоксидни, полиуретански, магнезитни или подови на база на акрил. Со примената на долгогодишните искуства на водечките светски брендови во областа на индустриските подови нашите системи и технички решенија се имаат покажано како на домашниот така и на странскиот пазар. Големата дилема која се појавува кај инвеститорите во текот на изборот на соодветниот поден систем, побарува константно ангажирање и истражување така што стручните лица на претпријатието “РИНОЛ” во просек на годишно ниво воведуваат два нови подни системи. Благодарејки на таквиот начин и пристап на работата денес можеме да кажеме дека не постои проблем за кој не сме во состојба да го решиме без разлика дали се работи за нов или пак за санација на веќе постоечки објект.

Богатата производна програма и подршката од ино-партнерите, обезбедува лидерска позиција на пазарот за изградба на, сега актуелни, мегамаркети, логистички центри, подземни и надземни гаражи, високорегални складишта, фабрички погони и сите видови индустриски објекти. Од посебна важност е да се издвои спектарот на решенија за подови во прехранбената индустрија каде се поставени високи критериуми во однос на хигиената (HACCP стандарди), отпорност на киселина и сигурност при работа. Исто така подовите за фармацевтската индустрија кои мораат да бидат усогласени со GMP-стандардите заземаат посебно место во нашата производна програма. Решавајки ги проблемите кои се издигаат пред водечките претпријатија во прехранбената индустрија, поради современите производства, извозната ориентација и усогласувањето со HACCP стандардите специјалисти сме за санација на постоечките стари облоги од керамички плочки. Нашите системи во поголемиот број случаеви не бараат отстранување на старите плочки и носечки слоеви што во голема мера значи рационализација на градбата како во однос на цената така и во однос на времето потребно за изведување на новиот под.

Стручните лица на претпријатието “РИНОЛ” во секое време се достапни за решавање на актуелни проблематики во однос на индустриските подови. Таквиот пристап на работа докажан е во праксата низ голем број изведени капитални објекти.